Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приходи и расходи: Дефицит во ПИОМ, суфицит во ФЗОМ

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) во првата половина од годината има остварено дефицит од 469 милиони денари, покажува полугодишниот извештај за извршувањето на Буџетот на РМ за периодот јануари-јуни оваа година.

До јуни годинава биле остварени приходи од 33.453 милиони денари, 49,2 проценти во однос на планираните за годинава, а расходите изнесувале 33.922 милиони денари или 49,9 проценти од годишниот план.

Од вкупните приходи, 18.115 милиони денари отпаѓаат на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување (48,6 проценти од годишниот план), 14.640 милиони денари се трансфери од основниот буџет, 637 милиони денари се приходи од акцизи, а останатите 61 милион денари се други приходи на Фондот.

„Во делот на расходите на Фондот за ПИОМ, трошоците за пензии се реализирани во износ од 26.792 милиони денари или 49,6 проценти од предвидените за 2018 година. Исплатата на пензиите се одвива во согласност со предвидената динамика за 2018 година“, покажува Извештајот.

Трансферите од Фондот за ПИОМ до 14. приватни пензиски фондови изнесуваат 3.330 милиони денари, а придонесите за здравствено осигурување за пензионери до Фондот за здравствено осигурување се
исплатени во износ од 3.575 милиони денари.

За разлика од ПИОМ, заклучно со јуни оваа година, Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), пак, остварил суфицит од 205 милиони  денари, со приходи од 14.739 милиони  денари, или 51,3 проценти од годишниот план и извршени расходи од 14.534 милиони денари, односно 50,5 проценти од планираните за 2018 година.

Во првите шест месеци од годинава остварени се приходи од придонеси за здравствено осигурување од 7.716 милиони денари или 48,8 проценти од годишниот план. Придонесите за здравствено осигурување  на пензионери уплатени од Фондот за ПИОМ изнесуваат  3.575 милиони денари, а придонесите за здравствено осигурување уплатени од Агенција за вработување на РМ се 55 милиони денари.

дефицит ПИОМ Суфицит ФЗОМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.