Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пријави за два нови пожара: Гори во Богословец, Светиниколско и во Лешани, Охридско

0
By Sashko on August 5, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Богословец во Светиниколско, каде се изгорени четири куќи, и село Лешани во Дебарца, Охридско, моментно се двете најнови жаришта. На овие места попладнево избувнале пожари, а во гасењето се вклучени пожарникари, местно население и припадници на Шумското стопанство.

Како што соопштија денеска на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и неговите соработници, засега не може да се каже точната бројка на пожарите во земјава, зашто се менува од минута во минута. Се дејствува со сите расположливи сили и ресурси, но временските услови ја усложнуваат ситуацијата и го отежнуваат пристапот.

Само во Кумановско за неполн час се пријавени нови седум пожари. Причина за ваквата алармантна состојба се високите температури и силниот ветер. Во Скопје, пак, се активни 18 пожари од кои три се најкритични, во Кучково кон Горно Свиларе, меѓу Добри Дол и Ракотинци во Сопиште, како и во Горно Блаце.

На терен моментно се околу 300 војници од Армијата. Дејствуваат три хеликоптери од Србија, а вкупно се четири на располагање, три за гасење и еден за извидување. Од Бугарија се дојдени 25 пожарникари со 11 возила, од Словенија 40 пожарникари со 16 возила и од Австрија се очекуваат 120 пожарникари со 40 возила. Австриската извидница е веќе кај Пехчево, Берово, Делчево, во пијанечкиот регион, каде бугарските служби дејствуваат. Се бара поддршка и со воздухоплови, но секаде има пожари.

Сопиште побарало 50 војници за гасење на пожарот, а Куманово 80. Таму за неполн час избувнале седум пожари.

Ангелов апелира да не се шири паника. Рече дека се прави максумум и ги повика граѓаните да бидат екстремно внимателни зашто, како што нагласи, доволна е мала искра од електричен уред или отпушок од цигара за да избувне пожар. Според него, постојат одредени сомнежи дека се работи за намерни палења. Тој уште еднаш се осврна на информациите во врска со хеликоптерите. Објасни дека српските се помали и може помалку да летаат зашто собираат малку гориво, а вториот проблем е ветерот. Во моментов, информира, хеликоптерот на македонската Армија дејствува во Кумановско, а српските не можеле да полетаат зашто се лесни. Силниот ветер ја загрозува нивната безбедност.

Горан Стојановски од ЦУК истакна дека за 20 до 30 минути, со едно јавување, се обезбедува помош по барање на Противпожарна единица или општина. Но, се дејствува по приоритети при што клучни се човечките животи и објектите, а нивите и нискостеблестите шуми се во втор план.

– Отсега определуваме приоритети. Очекуваме дополнително засилување на ветерот и отежнувачки околности во справувањето со пожарите, но не губиме надеж, остануваме на терен со сите расположливи сили. Можеме дополнително да обезбедиме уште 500 војници. Материјалните ресурси се максимално ангажирани, истакна Стојановски.

Според Марија Милкова од ЦУК, најкритични се Делчевско – Пехчевскиот регион, Кумановско и Прилепско каде има 18 пожари.

– Во Делчевско-пехчевскиот регион се зафатени неколку маала, а интервенираа и четири хеликопетри, 200 војници од Армијата, како и проивпожарни бригади, ресурси од јавни претпријатија и помош од Бугарија. Во Бајас Тепе пожарот се уште е активен, загризени се селата Робово, Умлино и Чифлик. Патниот правец е затворен и таму се распределни силите од Словенија, како и во атарот на селата Црник и Негрево кои се исто така загорзени. Состојбата се менува брзо, избувнуваат нови пожари, алармантна е состојбата и во Кумановско. На осум нови локации денеска има пожари – во Зубовце, Сопот, Лојане, Нагоричане, Орашаци, Забрњак, итн. Загрозени се куќи и придружни објекти, а на терен се, покрај поажрникари и 80 војници од Армијата. Алармантно е и во Прилепско каде има 18 пожари. Во гасењето се вклучени локалното население, локалната самоуправа и пожарните, информира Марија Милкова од ЦУК.

Богословец Лешани Македонија пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.