Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски го разреши осомничениот началник во „Трезор“ Стајковиќ

1
By Влатко Чаловски on September 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ден по објавувањето на новиот случај „Трезор“, кој го отвори СЈО, министерот за внатрешни работи разреши неколку раководни лица и на нивно место именуваше нови. Од денеска повеќе не е началник Небојша Стајковиќ, кој раководеше со Одделот за информатика и телекомуникациии и кој осомничен за финансиски малверзации и злоупотреба на службена должност.

Тој е заменет со Горан Трајановски.

Досегашниот началник на единицата Алфи пак, Ивица Анчевски е разрешен од страна на министерот и е именуван за дополнителен заменик на новиот началник на оваа единица – Примислав Димовски.

Ивица Анчевски – Пуки, кој беше началник на единицата „Алфи“, чии припадници на 15 септември симулирале реакција во случај на терористички напад на Амбасадата на САД, без за тоа да ја известат амбасадата. Освен Пуки, разрешен е и неговиот претпоставен, началникот на СВР Скопје, Ивица Вучевски.

На местото на Вучевски е поставен Лазо Велковски.

Ова е една од 11-те измени кои денеска ги соопшти министерот, а кои рече дека ги прави со цел да се организираат фер и демократски избори во декември.

Според Договорот од Пржино, Спасовски по 11-те има право на уште 4 кадровски решенија.

Кирил Митиќ е именуван за началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ. Зоран Глигоров е разрешен од оваа позиција и останува дополнителен заменик.

Александар Јанев се разрешува од началник на Сектор за прикриени операции во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ и се именува за дополнителен заменик на началникот на Сектор за прикриени операции во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ.

Драган Симоновски е именуван на негово место.

Спасовски замени и седум началници и тие се заменети со нови: Лазо Велковски е нов началник на СВР Скопје, Злате Јаневски во СВР Велес, Љупчо Трајковски во СВР Штип, Славко Јовановски во СВР Битола, Сашо Смилески во СВР Охрид, Танчо Пројковски во СВР Струмица и Стојанче Величковиќ е нов началник во СВР Куманово.

Алфи избори МВР измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.