Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини Фајзер, купени преку КОВАКС механизмот, информира на својот фејсбук профил Министерот за здравство, Венко Филипче.
– Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини Фајзер, што ги купивме преку КОВАКС механизмот. Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, напиша Филипче.