Му даваме силна поддршка на претседателот Ердоган што побргу да рачисти со пучистите. Ова е дел од обраќањето на почетокот на собирот за поддршка на Ердоган кој се одржува вечерва на скопскиот плоштад „ Филип Втори“. На почетокот беше пуштена македонската, а по неа и турската химна, која беше проследена со пеење од присутните.

„Го осудуваме крвавиот пуч и го подржуваме претседателот Ердоган, го молиме господ да ни даде сила да го расчистиме што побргу случајот, а на сите ранети им посакуваме побрзо да оздрават“, рече еден од присутните говорници.

ердоган слика 1o

Претседателот на Сојузот на турските невладини организации меѓу другото рече:

„Се надеваме дека во најскоро време ќе бидат уапсени и најстрого казнети сите инволвирани кои го изневерија својот народ и држава“, рече Таксин Ибрахим.

На Собирот има околу 500 граѓани. Тие постојано извикуваат„Господ е еден“.