Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Притвор за четворица осомничени за кражби во цркви во прилепско

0
By Biljana on March 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Притвор во траење до осум дена за четворица осомничени кои краделе во цркви. 

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп, по предлог на јавен обвинител, определи мерка притвор за четворица осомничени кои во периодот од декември 2021 година до 8 март 2022 година, по претходен меѓусебен договор, извршиле вкупно 32 тешки кражби во куќи и цркви во прилепско.

Како што информираат од Основното Јавно обвинителство, осомничените лица се на возраст од 19-40 години.

„Лицата на возраст од 33, 30, 40 и 19 години, се осомничени дека во периодот од декември 2021 година до 08.03.2022 година, по претходен меѓусебен договор, извршиле вкупно 32 тешки кражби во куќи и цркви во селата Костинци, Слепче, Веселчани, Алинци, Лопатица, Вранче, Заполжани и Стровија, како и во куќи и колонијални продавници во Прилеп, од каде одзеле повеќе предмети со намера противправно да ги присвојат“, стои во соопштението од ЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп доставил предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифатил предлогот и со решение на осомничените им определил мерка притвор во траење до осум дена.​​

(Извор: МИА)

кражби кражби во цркви притвор тешки кражби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.