Published: Thursday, November 2, 2017 17:32
Шпански судија одреди притвор за осум веќе поранешни каталонски министри, поради нивното заложување за независност на регионот – објави „BBC“. Тие се обвинети за бунт, агитирање за сепаратизам и злоупотреба на нивните функции.
Обвинителите побарале затвор од високиот суд, за осум од девет поранешни каталонски министри кои денеска се појавиле на распитот во Мадрид.
Шпанскиот јавен обвинител побара од Европската Унија апсење на Карлес Пучдемон и четворица други кои не се појавија во судот.




