Авион удрил во зграда на Малта, откако силен ветар го оттурнал од неговото паркинг место на аеродромот.

Авионот кој е во приватна сопственост удрил во зградата на Меѓународниот аеродром на Малта, што се наоѓа во близина на Валета.

Итните служби веднаш се упатиле кон местото на несреќата, но не се регистрирани повредени лица.

Авионот при ударот бил празен.