Published: Tuesday, April 28, 2015 13:43
Агенцијата за разузнавање СИПА и Министерството за внатрешни работи на Република Српска приведоа едно лице во Тузла кое според полицијата е поврзано со синоќешниот инцидент во полициската станица во Зворник.
>> Зворник: Вахабист влегол во полициска станица, убил двајца полицајци
При вчерашниот напад, вахабистот кој влегол во станицата убил еден полицаец, а двајца завршиле со повреди.
Според полициски извори, напаѓачот, кој беше убиен во престрелката со полицијата, е 24-годишниот вахабист Нердин Ибриќ од Сапно.




