Менаџерот на кампањата на Доналд Трамп, Кореј Левандовски бил приведен под обвинение за напад, зашто наводно зграпчил за рака новинарка, настојувајќи да ја оддалечи од Трамп.
Настанот се случил на прес конференција на милијардерот кој е кандидат за републиканска номинација на претседателските избори во САД, во голф клуб во Палм Бич, Флорида.
Левандовски наводно толку силно ѝ ја притиснал раката на новинарката Мишел Филдс, што ѝ оставил модринки. По сослушувањето тој бил пуштен, но же се појави да сведочи на рочиште закажано за 4 мај.
Трамп застана зад шефот на својата кампања, на што новинарката Филдс преку Твитер реагираше обвинувајќи го милијардерот дека лаже. Неговиот главен републикански ривал, Тед Круз, како и демократката Хилари Клинтон, обвинија дека Трамп шири токсична атмосфера во кампањата.




