Published: Thursday, August 15, 2019 09:54
Човекот осомничен за вооружениот напад во Филаделфија е приведен, соопшти полицијата без да даде повеќе детали.
Во нападот во Филаделфија ранети се шест полицајци кои се обиделе да предадат налог за апсење на осомичен за распрoстранување наркотици.
Портпарол на полицијата во најголемиот град во американската држава Пенсилванија објави на Твитер дека еден човек пукал кон полицајци во квартот Најстаун.
Весникот Филаделфија инкуаерер објави дека напаѓачот е Морис Хил, 36-годишен локален жител со криминално досие.




