Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приведени 79 лица низ цела Србија, полицијата ги разбиваше блокадите и тепаше, пишуваат српски медиуми

0
By Marija Todorovska on July 3, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на вечерта во Србија повторно се приведени повеќе студенти и граѓани. Полицијата продолжила со разбивање на блокадите, но „граѓанската непослушност“ исто така продолжува со блокирање на неколку локации.

Граѓанската непослушност трае веќе пет дена.

Полицијата доцна синоќа  употреби и физичка сила врз студенти пред Правниот факултет во Белград, по што според студентски тврдења, привела четириесетина студенти како и професорка. Полицијата потоа се обиде да влезе во факултетот, но командирите ја спречија во тоа, пишуваат српските медиуми.

Полицијата дојде со возила и ги нападна студентите. Тие се повлекоа кон и во зградата на факултетот, потоа полицијата дури дојде и до факултетот, додека командирите викаа, не влегувајте…Извлекуваа студенти за да ги приведуваат, им ги врзуваа рацете со ленти и лисици и ги тепаа. Ја удираа и поранешната судијка на Врховниот суд која беше таму, изјави за ТВ Н1 познатиот српски новинар Вук Цвијиќ.

Професорот на Медицинскиот факултет, Оливер Стојковиќ, утрово за „ФоНет“ изјави дека четворица студенти, кои беа приведени пред Правниот факултет по полициска интервенција, беа транспортирани во Военомедицинската академија, а еден од нив има скршена клучна коска и можна фрактура на ребро.

Како што објавија студентите на Правниот факултет во блокада на социјалните мрежи, полицијата „се залетала кон студентите кои мирно седеле, потоа полицајците силно удирале на влезната врата од факултетот“. Тие објавија и видеа на социјални мрежи од полициската акција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Правни у блокади (@blokada_pravni)

Во текот на синоќешните протести во Белград полицијата приведе и неколку средношколци кои исто така повикаа на граѓанска непослушност. Подоцна беа ослободени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Svi u blokade! (@sviublokade.fdu)

Еден студент од Факултетот за технички науки кој вчера се здоби со тешки телесни повреди додека бил приведуван и потоа ставен во полициско возило, во текот на денов итно ќе биде опериран. Тој им тешки повреди на лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mašinci (@masinci.u.blokadi)

На 1 јули, студентите повикаа на прекин на работата сe додека не се исполнат нивните барања – предвремени парламентарни избори, и отстранување на шаторите поставени пред 3 месеци во центарот на Белград во Пионирски парк и не се ослободат сите уапсени студенти.

Белград блокади полиција Правен Факултет Србија студенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.