Published: Wednesday, October 14, 2015 14:11
Турската полиција приведе двајца осомничени членови на Курдската ПКК партија, кои пред нападот во Анкара во саботата напишале на Твитер дека во главниот град ќе биде активирана бомба, јави една од турските телевизии.
„Во Анкара ќе експлодира бомба“, било најавено на Твитер.
>> 95 загинати и 245 повредени по експлозиите во Турција
Анкарското Обвинителство се обратило до Дирекцијата за телекомуникации со барање за информации за идентитетот на лицата, кои ги отвориле налозите на Твитер, Anotoly, Todorov и GoranMetasyan.
Според весникот „Хуриет“ еден од осомничените напаѓачи, бил на листата на турската разузнавачка служба МИТ за потенцијални напаѓачи-самоубијци.




