Тројца руски државјани се уапсени од страна на турската полиција под сомнение дека се вмешани во терористичкиот напад што се случи во вторникот во Истанбул, кога беа убиени 10 луѓе, а 15 беа повредени. Русите биле приведени во Анталија.
Во неодамнешниот терористички напад на плоштадот Султанахмет, при разнесувањето на бомбаш самоубиец беа убиени 10 луѓе, а 15 беа ранети, по што турската полиција уапси 15 луѓе осомничени за учество во организација на нападот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сириски бомбаш самоубиец е одговорен за експлозијата во историскиот дел на Истанбул.
Потпретседателот на турската влада Нуман Куртулмус, изјави дека врз основа на анализа на различни делови од телото идентификуван е осомничениот бомбаш-самоубиец




