Ноќеска, пет минути по полноќ, на магистралниот пат село Удово – Дeмир Капија приведен е возач кој со „голф“ превезувал девет мигранти од Сирија и Индија.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“, на магистралниот пат с. Удово – Дeмир Капија бил приведен Ј.Л. (23) од село Крушопек.
Тој во патничко моторно возило „голф“ превезувал девет лица – мигранти, петмина од Сирија и четворица од Индија, се вели во полициското соопштение.
Информираат дека за случајот е известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.