Вчеравечер (22 ноември) околу 23 часот и 15 минути, во месноста „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 23-годишниот Б.Б. од тетовска Мала Речица, кој претходно се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија. Се расчистува и документира случајот и на Б.Б. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.