Наградата на Советот на Европа за демократска иновација оди во рацете на турската иницијатива „Демократска Генерација“.
На затворена сесија на Светскиот Форум за Демократија, одлуката за наградата се донесе за организацијата и нејзините напори да се инволивраат граѓаните во јавниот живот и демократскиот процес.
– Целта на „Демократска Генерација“ е да се воспостави соодветна едукација за демократското припаѓање и човековите права во турскиот едукативен систем. Засега се имплементирани пилот-проекти во 22 училишта низ 10 провинции во Турција за да се најде одоговор на прашањето „Што ја прави подемократска културата во училиштето“, се објаснува за иницијативата.
Освен турската иницијатива, во конкуренција за наградата биле и седум други субјекти од Германија, Мороко, Индија, Франција и така натаму.
Нагарада ја додели генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд и заменичката Бариела Батаини-Драгони во присуство на минатогодишниот добитник на признаниетоГорети Завагу Амуриат од Мрежата на жени во Уганда.




