Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продавале непостоечки маски на властите во повеќе европски земји

0
By Нова ТВ on April 14, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 14, 2020 19:13

Две лица се приведени во Холандија под обвинение дека се дел од мрежата која се обидела да ги измами властите во европски земји со продажба на непостоечка медицинска опрема, соопшти Европол.

Како што се наведува, кон средината на март германските здравствени служби ангажирале компании во Цирих и Хамбург за набавка на маски во вредност од 15 милиони евра. Бидејќи на глобалниот пазар постои недостиг на медицински материјали и вообичаените канали се затрупани, двете компании наоѓаат нови опции за купување и контактираат со луѓе кои наводно продаваат маски од Шпанија.

Тие добиле понуда за 10 милиони маски од оваа „компанија“, но потоа биле упатени на „доверлив“ ирски производител кој наводно може да обезбеди таква испорака.

Потоа ирскиот посредник ги поврзува со холандскиот снабдувач, кој дал гаранции дека може да ги обезбеди потребните 10 милиони заштитни маски.

Постигнат е договор за првична испорака на 1,5 милиони маски во замена за авансно плаќање од 1,5 милиони евра.

Купувачите му платиле пари на ирскиот посредник и започнале со подготовките за испорака, која требало да се транспортира во 52 камиони и со полициска придружба од магацин во Холандија до крајната дестинација во Германија.

Непосредно пред датумот на испорака, купувачите биле известени дека парите не пристигнале и дека на холандскиот снабдувач потребно е итно да му се уплатат 880.000 евра.

Купувачите дале пари, но маските никогаш не пристигнале.

Проверките покажале дека холандската компанија постои, но нивната страница е клонирана на интернет и притоа нема официјална кореспонденција со купувачите или какви било договори за продажба.

Кога разбрале дека се измамени купувачите контактираат со нивната банка во Германија и започнува меѓународната потрага по парите.

Со брза акција од страна на повеќе институции, прво британска банка преку која одела трансакцијата успева да го врати целиот износ од 1,5 милиони евра и да ја идентификува компанијата во Ирска која била дел од шемата за измама. Холандските власти успеваат да пронајдат дополнителни 880 000 евра кои веќе се пратени во Велика Британија, иако крајната дестинација требало да биде банкарска сметка во Нигерија.

Од Интерпол велат дека заедничката операција, спроведена во соработка со Интерпол и финансиските и други институции на Германија, Холандија, Ирска и Велика Британија, довела до првите две приведување и дека таа се уште е во тек.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.