Published: Monday, September 30, 2013 13:14
Алкохолните пијалоци од утре во трговските објекти повторно ќе се продаваат од шест до 19 часот, наместо до 21 часот.
Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21 часот важи од мај до крајот на септември.
За оние кои нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.




