Опозициската Национална лига за демократија на нобеловката Аунг Сан Су Ки е победник на првите слободни демократски избори во Мјанмар во изминативе 25 години, со освоени 80 проценти од гласовите.
Лидерот на досегашната владејачка партија Унија за солидарност и развој Хтај О го призна поразот, изјавувајќи дека ги прифаќаат резултатите без никави забелешки.
Изборите претставуваат огромен чекор напред во транзицијата на земјата од диктатура кон демократија. На Су Ки, инаку позната како „Дамата“ и е забрането да застане на претседателската позиција, но таа вели дека ќе владее од сенка преку новиот лидер. Таа исто така ги повика поддржувачите да не ги провоцираат поразените кандидати.
На земјата допрва и претстојат коренити промена, бидејќи армијата се уште ги држи клучните министерски места, и може во одредени услови, да ја преземе контролата врз владата и воедно ја контролира економијата на земјата преку сопственоста врз компаниите.




