Доналд Туск и во следните две и пол години ќе биде претседател на Советот на Европската унија. Одлуката денес ја донесоа лидерите на ЕУ на нивнит самит.
ЕУ одлучи да му го продолжи мандатот на Туск и покрај противењето на неговата сопствена земја Полска.
Најголемиот број европски лидери одлучија дека треба да се му се продолжи мандатот на Туск. Само Полска беше против.
Причината за ова противење доаѓа од лидерот на полската владеачка партија Право и правда Јарослав Качински. Двајцата политичари – Туск и Качински – беа политички непријатели на домашната политичка сцена. Качински тврди дека Туск е морално одговорен на смртта на неговиот брат близнак Лех Качински кој загина во авионска несреќа во 2010 година, кога авионот на полската влада се урна во Русија поради лоши временски услови.




