Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжен мораториумот на градби во општина Центар

0
By Нова ТВ on August 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 31, 2018 14:01

Покрај донесувањето на полугодишните извештаи за работа на ЈП ПОЦ, секторите во општината како и извештаите за работа на градинките, на продолжението на 16-тата седница, советниците ги усвоија и измените и дополнувањата на блoкот девет од Деталниот урбанистички план „Градска четврт Ј 07“ – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, соопштија од Општина Центар.

Советот на општина Центар, вчера го заврши продолжението на 16-тата седница и ја одржа 17-тата седница.

– Блокот 24, кој исто така беше предложен за измени и дополнувања, но поради низа неправилности, меѓу кои и зголемениот број на жители и возила, станбени објекти, како и потребата од повеќе зеленило, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, со 23 гласа „за“ и еден „воздржан“, се донесе одлука за недонесување на измените и дополнувањата на Блок 24, наведоа од Општина Центар.

Оттаму велат дека со донесувањето на измените и дополнувањата на тие два блока, кои се наоѓаат во близина на новото училиште во Капиштец, ќе се овозможи непречено и безбедно функционирање на околните јавни објекти и ќе го олесни движењето на учениците и пешаците, а и на тој начин ќе се направи усогласување со Генералниот урбанистички план (ГУП), донесен од Град Скопје.

–  Се додека не се донесат измените и дополнувањата, нема да се гради на територијата на Блокот 24 од ДУП-от „Градска четврт Ј 07“, истакнаа од Општина Центар.

Советниците, на 17-тата седница на општина Центар, со 14 гласа „за“ и шест „против“, по 4-ти пат ја продолжија одлуката за запирање на спроведувањето на Деталните урбанистички планови, односно мораториумот за градби на територија на општината.

–  Со донесувањето на оваа одлука, општината прави чекор кон подобрување на животната средина и овозможување на похумани и нормални услови за живеење на жителите на Центар, информираат од Општината.

Посочуваат дека, покрај продолжувањето на мораториумот за градби, на седницата советниците ги усвоиле и програмата за реконструкција и санација на градинки и основни училишта, одлуката за објавување конкурс за сценска уметност, како и одлука за прифаќање донација за урбана опрема од Амбасадата на Република Словенија во Македонија.

градби мораторум Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.