Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

0
By Marija Todorovska on July 18, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 18, 2025 14:37

Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека обвинителниот акт е веќе доставен до сите обвинети и нивните адвокати, а откако ќе го примат, започнува рок од осум дена за приговор. По истекот на тој рок, судечкиот совет ќе заседава и ќе ја извести јавноста за следните чекори. Судот, исто така, потврди дека Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води понатамошниот дел од постапката.

Со оглед на интересот на јавноста за кривичниот предмет поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, судот известува дека кривичниот совет при овој суд постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство – Кочани за продолжување на мерките за обезбедување присуство на обвинетите, на обвинетите Д.Ј. од Кочани, Т.Ј. од Кочани, Џ.К. од Скопје и Б.Х. од Скопје им ја продолжи мерката притвор, додека на обвинетите М.С., О.Г., Љ.П., И.Г., М.Г., С.Д., сите од Кочани, потоа Ј.Ј. и Љ.Г. од Скопје како и Б.М и Ш.Х., од Тетово и Е.М. од Виница им се продолжи мерката куќен притвор, стои во соопштението од Кривичен.

Во однос на конкретниот обвинителен акт КООА 155/25, оттаму информираат дека на 02.07.2025 година во попладневните часови списите на предметот биле  доставени до судот, заедно со целокупниот доказен материјал меѓу кој вештачења, медицинска документација, како и техничка опрема одземена во текот на истрагата. Потоа, предметот и сите предлози се завеле во АКМИС системот, а во наредниот ден актот е распределен на совет за оценка на истиот.

При увидот во списите на предметот, утврдено е дека три обвинети правни лица немаат законски претставник во постапката, по што судот определи претставници по службена должност. Дополнително на 08.07.2025 до судот, од страна на Јавниот обвинител беше доставно доуредување на обвинителниот акт од 01.07.2025 година, кое се однесуваше на генералиите и личните податоци на обвинетите. Откако беа исполнети сите услови, советот издаде наредба за достава на обвинителниот акт со споменатото до уредување, заедно со листа на докази до сите обвинети, нивните бранители и претставниците на обвинетите правни лица поставени по службена должност. Кога истиот ќе биде примен од странките, ќе започне да тече рокот од 8 дена за приговор, а по приемот на сите приговори и истек на Законски утврдениот рок, советот ќе заседава и ќе известува, велат од Кривичен.

Исто така, судот ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден, 17.07.2025 година, во овој суд е доставено решение на Јавното обвинителство на Република С. Македонија РО бр. 367/25 од 15.07.2025 година со кое за месно и стварно надлежно обвинителство за постапување по конкретниот обвинител акт се определува Основно јавно обвинителство Скопје.

Оттаму апелираат да се почитуваат правата на сите засегнати како и законските рокови.

Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но укажува дека должност е да се почитуваат правата на сите засегнати како и законските рокови предвидени во Законот за кривичната постапка, се со цел да не се случат пропусти кои во иднина може да ја компромитираат целосната судска постапка, односно правдата мора да биде брза, но не избрзана, нагласуваат од Кривичен.

Согласно обвинителниот акт, на 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

дискотека пулс Кочани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.