Евакуацијата од источниот дел на Алепо продолжи и во текот на ножта, соопштија претставници на ОН за Ројтерс.
-Евакуацијата е во тек. Автобуси и амбулатни возила во моментов го напуштаат Алепо, објави агенцијата повикувајќи се на електронска порака од претставник на ОН, во која се наведува дека првата група го напуштила овој дел од градот синоќа околу 23 часот по локално време.
Истовремено сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека сириската војска и нејзините сојузници доволиле на конвој од поет автобуси и две амбулантни возила да го напуштат источниот дел на градот и да заминат до населбата ел Рашидин, надвор од градот. Конвојот, според Опсерваторијата бил во застој околу 4 часа.
Претставниците на ОН засега немаат информации за планираната евакуација од шиитските села во близина на Идлиба, кои сунитските буинтовнички сили ги држат под контрола.
Би би си јави дека најмалку 350 луѓе наводно ги напуштиле бунтовничките енклав во конвојот, движејќи се западно кон територија под контрола на владините сили.




