Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите

0
By Ана Василевска on May 15, 2023 ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 15, 2023 09:28

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка.

Членовите на комисијата во петокот ги одбија амандманите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Предлог-законот за измени на Законот за работни односи, кој е прв од петте закони во кои треба да се интервенира согласно договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делници од коридорите 8 и 10д.

На денешното продолжение на седницата треба да почне расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање.

Во досегашниот тек од дебатата на Комисијата за европски прашања, опозицијата даде забелешки на носењето на законите со европско знаменце и по скратена постапка. Обвинија и дека се носат законски измени во врска со договор кој воопшто не го виделе, а со кои на работниците ќе им се наметне да работат по 72 часа неделно на отворено наместо по 40 часа.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, одговорија дека со измените воопшто нема да има зголемување на работното време и дека на работниците ќе им се плаќаат дополнителните работни часови за прекувремена работа за која ќе треба да дадат пишана согласност. Измените, посочија, се носат за да се овозможи побрза и певтина изградба на коридорите 8 и 10д.

Зелената транзиција на енергетскиот сектор останува врвен приоритет за СДСМ и веќе се прават подготовки за следната грејна сезона да биде уште поупсешна. Само во изминатите година и три месец

Премиерот Димитар Ковачевски вчера уште еднаш порача дека нема да се дозволи кочење на законските решенија за коридорите во Собранието.

– На граѓаните не им требаат блокади во Собранието, туку коридори и модерни автопати. Тие закони ќе бидат донесени и ќе се овозможи брза, ефикасна и поевтина градба, рече Ковачевски пред почетокот на првата од серијалот тематски трибини на СДСМ „Разултати што прават разлика“.

Во однос на тоа како претседателот Стево Пендаровски ќе ги оцени овие законски решенија и дали ќе ги потпише, рече дека шефот на државата е правник, професор по право кој има исклучително искусни правници во неговиот кабинет кои ќе ги изанализираат законите. За употребата на европското знаменце, Ковачевски истакна дека има секојдневна комуникација со Делегацијата на ЕУ, но и со Американската амбасада во Скопје.

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани седници на пет комисии.

Покрај измените на Законот за работни односи и на Законот за урбанистичко планирање, на дневен ред на Комисијата за европски прашања се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за градење, на Законот за експропријација и на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање  стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), како и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители, сите по скратена постапка.

Во Собранието денеска ќе заседаваат уште три комисии. Пред членовите на Законодавно-правната е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, а Комисијата за финансисрање и буџет треба да ги разгледа Предлог-законот за гаранција на обврските по Финансискиот договор меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжување со заем кај Европската банка за обнова и развој по договорот за финансирање на Проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка.

Комисијата за одбрана и безбедност, пак, ќе расправа за предлозите за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите и на Законот за Oперативно-техничка агенција, и двата по скратена постапка.

Закони поврзани со изградба на коридорите комисиска расправа Коридори 8 и 10 д
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.