Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува штрајкот на вработените во скопска Леарница, Владата молчи

0
By Нова ТВ on September 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дождот не ги спречи работниците од скопска Леарница и денеска да излезат на протест пред Собранието, Министерството за правда и Владата.

Овие луѓе речиси еден месец преку протест алармираат дека фирмата во која работат го крши Законот за работни односи и бараат државата да преземе санкции бидејќи немаат земено 12 плати, а во последната година не им се исплатени ниту придонеси.

Двајцата претставници на штрајкувачите минатата недела беа примени на разговор во Влада, но до денеска оттаму нема никаков одговор на апелите на вработените во МЗТ Леарница.

-Од Владата рекоа дека инспекторите се на терен, но досега ние немаме добиено никаква информација. Работниците се приморани да стојат на штрајк, што друго би правеле? Не не плашат ни заканите од раководството, ниту лошите временски услови, вели за НОВА, Љупчо Чекаловиќ од Синдикатот на вработените во Леарница.

Штрајкувачите велат дека  неправилно раководење со фирмата констатирала и Управата за јавни приходи (УЈП) по нивна пријава, но засега не е познато дали ќе следуваат санкции. Од УЈП за НОВА велат дека е во тек даночна постапка за која не смеат во моментов да се споделуваат информации со јавноста.

Според раководството пак, платите доцнат поради проблемот со ниското остварување на бизнис планот и злоупотреба на работните места.

-Одборот на директори и менаџментот јасно им ставија до знаење на Синдикатот и вработените дека времето на неодговорност, некомпетентност, уцени, манипулации е завршено, дека ќе дојде нов инвеститор кој ќе изврши строга селекција на сите вработени по сите основи и дека само оние што можат да ги исполнат строгите критериуми и ќе бидат во можност да ги исполнат плановите по обем, рок и квалитет, ќе можат и понатаму да работат во МЗТ Леарница АД Скопје.Значи главниот проблем е вониското остварување на бизнис планот, се вели во соопштението испратено во медиумите.

Вработените прашуваат доколку не ги извршувале работните задачи и вршеле злоупотреба зошто досега никој не е казнет за тоа.

-Смешен извештај, како ние сме биле, неработници и крадци, и да имало такво нешто тоа е должност на работодавачот, досега никој не е казнет за крадење и недобро работење. Месец дцена чекаат да дадат таков извштај кажува за самите нив со кој имаме работа затоа и фирмата е дојдена до тоа ниво, вели Чекаловиќ.

МЗТ Лерница е акционерско друштво во приватна сопственост. Протестите продолжуваат.

МЗТ Леарница протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.