Published: Friday, January 30, 2015 11:27
И понатаму на источниот крај од Украина се водат борби помеѓу украинските и про-руските сили, и најмалку 12 лица загинаа а 46 се повредени во текот на последните 24 часа, соопштуваат светските агенции.
Според локалните власти на главното упориште на сепаратистите, самопрогласената Доњецка Народна Република, минатата ноќ во судирите во реонот околу овој град загинале седум цивили, а уште 23 се ранети.
Украинската армија соопшти дека во борбите загинале петмина украински војници, а 23 се ранети.




