Протестите на сириските бегалци пред парламентот во Атина продолжија, а неколку лица почнале штрајк со глад.
Во кампот на протестите има мајки со деца. Ги прехрануваат невладини организации, црквата и Агенцијата за бегалци.
На прес-конференција денеска претставници на демонстрантите Сиријци побараа статус на бегалци со право да патуваат во Европа, социјална помош и домување.
Од Високиот комесаријат за бегалци на ОН појаснија дека владата во Атина не може да ги исполни барањата, бидејќи европското законодавство не го дозволува тоа.
Од Министерството за заштита на граѓаните соопштија дека имаат подготвеност за итно давање на бегалски статус, но не и дозвола за движење во европските земји.
Граѓански организации подготвуваат утре протести во поддршка на сиромашните Сиријци.




