Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжуваат земјотресите во Санторини, граѓаните го напуштаат островот

0
By Marija Todorovska on February 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 3, 2025 09:37

Во текот на ноќта и рано утрово продолжија умерените земјотреси во близина на Санторини, меѓутоа грчките сеизмолози смируваат и велат дека се следи ситуацијата, додека пак според медиумите во Грција, од синоќа голем е бројот на граѓани кои го напуштаат островот.

Земјотресите во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос не надминуваат 4,4 степени според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, а директорот на институтот Василис Карастатис посочи дека епицентарот на последователните потреси се оддалечува североисточно од Санторини, што според него е позитивно за островот и последиците врз објектите.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас утрово уште еднаш истакна дека не постои поврзаност меѓу сеизмичката активност североисточно од Санторини со вулканската активност, објаснувајќи дека на островот се 15 научници и сите дошле до истиот заклучок.

Во однос на сеизмичката активност состојбата не е променета. Постои во последните 24 часа и не можеме да кажеме дека веднаш ќе заврши. Ќе бидат потребни неколку седмици, посочи Лекас.

Поради зголемениот број земјотреси во изминатите неколку дена, како што пишуваат грчките медиуми, голем дел од жителите на Санторини, но и посетителите што во моментов се таму, од синоќа го напуштаат островот, за денеска летовите се исполнети и не постојат слободни места, па затоа, грчката авиокомпанија „Ејџијан“, утрово соопштија дека за денеска и утре воведува вкупно три вонредни летови од и кон Санторини.

Градоначалникот на Санторини Никос Зорзос, говорејќи за грчките медиуми утрово рече дека не станува збор за масовно заминување од островот, објаснувајќи дека по земјотресите во 2011 и 2012 година, островот и жителите стекнаа големо искуство.

По одржаните состаноци на Комисијата за процена на сеизмичката опасност и Комисијата за следење на вулкански активности при Министерство за климатски кризи и цивилна заштита на Грција донесоа неколку препораки и превентивни мерки, меѓу кои и училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи денеска да останат затворени.

Паралелно граѓаните треба да избегнуваат големи собири во затворени простори; да избегнуваат напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во четирите пристаништа на Санторини; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, особено на места каде што има опаснист од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Синоќа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одржа вонреден состанок за ситуацијата на Санторини, а по завршувањето министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикиљас упати апел до граѓаните да ги следат превентивните мерки и да се придржуваат до нив.

Мерките што досега се преземени се превентивни. Во секој случај, ќе има континуирано информирање за сите, бидејќи, како што гледате, Комитетот за процена на сеизмички ризик постојано заседава. Ги замолувам, како и секогаш, нашите сограѓани да ги слушаат мерките на експертите и да се придржуваат кон нив, за да можеме да се справиме со моменталната состојба. Мерките се превентивни. Постои претпазливост и организираност како што гледате и на терен, посочи Кикиљас.

Се очекува во текот на денешниот ден надлежните комисии од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција да одржат нов состанок. 

Грција земјотреси Санторини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.