Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продуцентот Вајнстин обвинет за силување

0
By Нова ТВ on May 25, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Холивудскиот магнат Харви Вајнстин е обвинет за силување и неколку други обвиненија за сексуална злоупотреба на две жени.

Претходно денеска Вајнстин и се предаде на полицијата во Њујорк.

Десетици жени го обвинија Вајнстин, некои за силување, некои за сексуален напад.

Шеесет и шест годишниот Вајнстин ги негира наводите за присилен секс. Ова се првите обвиненија  изречени против него.

Во изјавата од полицијата се наведува дека Вајнстин “бил уапсен, обработен и обвинет за силување, сексуална злоупотреба и сексуално малтретирање за инциденти кои вклучуваат две жени”.

Во изјавата полицијата им се заблагодари на “овие жени за нивната храброст да излезат и да бараат правда”. Се уште нема детали за жените кои го обвинија.

Наводите против Вајнстин го поттикнаа движењето #MeToo, (#СегаКажувам) чија цел беше да да го сврти вниманието кон распространетост на сексуалната злоупотреба и вознемирувањето.

Кој се го обвини Вајнстин?

Холивудскиот магнат се соочи со обвинувања за сексуално малтретирање и напади од десетици жени. Некои тврдеа дека биле силувани.

Меѓу нив се актерките Кејт Бекинсејл, Лисета Ентони и Гвинет Палтроу.

Актерката Ешли Џад го тужи 66-годишниот холивудски продуцент, тврдејќи дека и ја уништил кариерата откако таа го одбила неговиот непристоен предлог.

Италијанскиот модел Амбра Батилана го обвини Вајнстин дека ја напднал во 2015 година. Сепак истрагата одлучи да не поднесе обвинение против него, иако имало аудио снимка на која Вајнстин признава дека ја фаќал за градите. Тој тогаш вети дека нема да го повтори тоа.

Обвинителите во Лос Анџелес разгледуваат неколку обвинувања против Вајнстин, а полицијата во Лондон спроведува истрага занаводна за сексуална злоупотреба.

Почетокот на крајот на Вајнстин

Ваквите наводи му нанесоа голема штета на неговата кариера.

Минатата година тој прво беше отпуштен од неговата продуцентска компанија Вајнстин компани, која подоцна  и банкротираше.

Цела индустрија го осуди, а Академијата која ги организира Оскарите го исклучи од членството.

Дел од оние кои го обвинија Вајнстин, по денешното обвинение, ја поздравија одлуката на судот во Њујорк.

Харви Вајнстин – падот на кариерата на еден моќен филмски продуцент

Актерката Роуз МекГован напиша дека некои жени се откажале од надежта дека ќе има обвинение.

-Пред дваесет години се заколнав дека ќе ја исправам неправдата. Денеска ние сме еден чекор поблиску до правдата, рече таа.

Италијанската актерка Азија Арџендо, која тврди дека била жртва на Вајнстин во 90-тите, реагираше на Твитер, пишувајќи кусо: “Бум”.

Случајот Вајнстин и # MeToo

#MeToo кампањата против сексуалното вознемирување и злоупотреба започна есента минатата година во Холивуд, по обвинувањата против Вајнстин.

Движењето беше поттикнато од повикот на актерката Алиса Милано на Твитер, која побара од оние кои биле сексуално малтретирани или нападнати да одговорат со овој хаштаг. За 24 часа, таа добила половина милион одговори.

Но, “Me Too” како идеја датира уште од 2006 година, кога активистката за права Тарана Бурк, ја користеше како име за група која им помагаше на оние кои биле сексуално малтретирани и нападнати.

Во јануари повеќе од 300 актерки, писатели и режисери го започнаа проектот Time Up, со што за само еден месец собраа 21 милион фунти за да финансираат правна помош за луѓето кои се жртви од малтретирање, злоупотреба или напад на работното место.

Голем број личности од шоу бизнисот се соочуваат со обвиненија како Вајнстин. Во четвртокот американската филмска ѕвезда Морган Фримен се извини по обвинувањата за сексуално малтретирање.

Вајнстин обвинение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.