Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проект „Вирови“: Странска инвестиција од 500 милиони евра и 69 ветерници зелена енергија

0
By НОВА ТВ on October 12, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголема директна гринфилд инвестиција во македонската економија, моќна електрана со 69 нови ветерни турбини која ќе произведува 1.335,95 гигават часови чиста електрична енергија годишно. Вака денеска Владата и германската компанија WPD го најавија новиот проект „Вирови“ вреден околу 500 милиони евра што ќе се реализира на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка.

„Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, а со максимална примена и почитување на највисоките еколошки стандарди, ќе снабдува 290.000 домаќинства, ќе ја подобри инфраструктурата и ќе ангажира локални работници и добавувачи.

Ветерниот парк се очекува да биде завршен за шест години. Во првите две фази ќе се инсталираат по 150 мегавати капацитет, а во последната 114 што е вкупно 415 мегавати.

Владата на WPD и ветила оперативна поддршка за исполнување на сите услови во постапките за добивање дозволи и развој, како и јасна и транспарентна правна рамка која двете страни ќе мора да ја почитуваат. За возврат, компанијата ќе треба да испорача можност за набавка на достапна електрична енергија.

Како што рече овластениот претставник на WPD, Андреа Бјорн Шолет, амбициозниот план на земјава за енергетска транзиција, достапноста на природните ресурси, но и топлото добредојде и поддршката од македонската Влада, биле клучните причини за интересот да се инвестира тука.

-Владата на Северна Македонија ја одобри Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и стана првата земја од Западен Балкан која размислува за целосна елиминација на јагленот до 2030-та. Оваа земја ги има сите потребни предуслови за да биде енергетски независна и да се потпира само на своите потенцијали за обновлива енергија со кои би ги задоволила поголемиот дел од потребите, истакна Бјорн Шолет.

Со оглед дека проектните активности главно се одвиваат на локално ниво, се локализира, рече Бјорн Шолет, и понудата на работни места.

-Покрај тоа, ќе ја збогатиме понудата на енергијата и ќе ја намалиме зависноста од увезените производи. „Вирови“ ќе придонесе и за локалните и националниот Буџет преку издавање земјиште и даноци, а системот од 69 турбини ќе користи вешти локални работници за техничко и оперативно управување. Постојано ќе се ангажираат и локални добавувачи од различни сектори, подвлече Бјорн Шолет и најави дека во текот на градежната фаза ќе се инвестира во подобрување на инфрастурктурата, во капацитети за пренос на енергија и во патишта.

Ќе се обезбеди и пристап до некои од подалечните области, како и нивно приспособување за земјоделско користење и развој.

-Ветерниот парк „Вирови“ се развива на пазарен принцип, без субвенционирана цена или државна помош, со целосна одговорност на инвеститорот. Она што Владата го нуди како статус на стратешка инвестиција е оперативна поддршка за исполнување на сите услови во постапките за добивање дозволи и развој, како и јасна и транспарентна правна рамка која двете страни ќе мора да ја почитуваат. За инвеститор како нас, таквата долгорочна јасност е клучна за успешен развој. За возврат, ние на Владата и нудиме можност за набавка на достапна електрична енергија токму од овој проект. Ова го гледаме како начин да се промовира енергетската транзиција во Северна Македонија зашто енергетската независност и потпирањето на обновливи извори е единствен начин за спречување на енергетската сиромаштија, објасни овластениот претставник на WPD.

Тој најави дека компанијата ќе работи како што се очекува од реномиран германски инвеститор.

-Ќе поставиме високи стандарди за идни проекти во поглед на добрите односи со локалното население, усгласеност на обврските и роковите и внимателно управување со зоните во областите кои ни се доделени, потенцира Бјорн Шолет.

Претходно, премиерот Зоран Заев подвлече дека големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата, а доаѓаат зашто добро се сработени реформите.

-Ја донесовме потребната легислатива, создадовме услови за инвестирање во безбедна и сигурна земја, фер услови за сите. Работиме согласно европските правила, со сериозни и докажани инвеститори, нагласи премиерот според кој „Вирови“ е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес.

Ќе се гради, рече Заев, најголем капацитет од обновливи извори на енергија во земјава, колку што имаат двата болка на РЕК Битола.

-Ова не е само најголемата германска иневстиција во земјата, ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес. Таа е доказ дека зеленото сценарио и тоа како е возможно. Овој проект е повеќе од половина од предвиденбите 700 мегавати со стратегијата, дополни Заев.

 

Инвестицијата ја поздрави и германската амбасадорка Анке Холтајн, посочувајќи дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид.

-Драго ми е што гледам се поголема соработка меѓу двете земји во полето на енергетиката. Проектот ги поддржува амбиционзите цели на македонската Влада во енергетската транзиција, истакна амбасадорката и напомена дека договорот ќе трае 45 години.

WPD работи во 28 земји и располага со над 5.000 мегавати инсталиран капацитет во обновливи извори.

Ветерници Вирови енергија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.