Проектил експлодирал во силно обезбедуваната Зелена зона во ирачкиот главен град Багдад во близина на американската Амбасада, јави Ал Арабија.

Сите улици кон зградата на американската Амбасада се затворени. Дел од западните медиуми јавија за експлозии на два проектила. Засега нема пријавени жртви. Според некои извештаи ракетата експлодирала недалеку од амбасадата на САД.