Проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ влегува во завршна фаза, напиша градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски на неговиот Фејсбук профил.
Фото: facebook.com/ilija.jovanoski
– Осветлени пешачки патеки, видиковци, игралишта за кошарка, одбојка и пинг-понг, можности за организација на културни настани, се дел од содржините во кои ќе можат да уживаат граѓаните на општина Прилеп. Со финансиска поддршка од Европската Унија, до крајот на овој месец, Прилеп ќе добие нов, современ спортско-рекреативен комплекс, кој ќе биде нова гордост на прилепчани, наведе Јованоски.