Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професори: Полициската акција ја наруши автономијата на УКИМ

3
By Нова ТВ on June 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прекумерно вооружените полициски сили кои беа дел од вчерашната полициска акција во кампусот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, повторно ја нарушија автономијата на универзитетот загарантирана со Устав, велат од академската заедница за НОВА.

Тешко вооружени полициски сили со маски на главата. Ова беше сликата која вчера можеше да се види на кампусот на најголемиот и најстар државен универзитет во земјава, Св. Кирил и Методиј.

Акцијата „Еразмус“, во која се осомничени повеќе вработени на Економскиот факултет за злоупотреба на службената положба и примање поткуп, ги вознемири студентите, но и професорите кои се дел од универзитетот.

Повеќе од пет часа, полицијата го држеше професорот на Економскиот факултет во Скопје, Бобек Шуклев, и не му даваше да си замине од УКИМ. Полициските инспектори вршеа претрес во кабинетот на Шуклев, во потрага по докази за сомневањата дека примал мито и ја злоупотребувал неговата службена положба. Беше извршен претрес и во неговото возило, по што полицијата заедно со Шуклев кој го управуваше возилото се префрлија позади Економскиот факултет.

Освен Шуклев осомничени се и други вработени на факултетот за сторени повеќе кривични дела. И покрај сериозноста на делата за која се осомничени професорите, во академската заедница коментираат дека полицијата ја нарушила автономијата на универзитетот, бидејќи немала дозвола од ректорот да влезе на кампусот на УКИМ.

Акцијата можеше да биде спроведена и без толку голема вооруженост на полициските сили, коментираат професорите со кои разговараше НОВА.

Според професорот Ненад Новковски, кој е еден од кандидатите за нов ректор на УКИМ, автономијата на универзитетот е повторно нарушена.

„ Прво, заради прашањето на влегувањето, предимензионираноста на случајот и одобрението за влегување, бидејќи досега такво нешто од менаџментот на факултетот не слушнавме. Без разлика дали има некаква полициска постапка, се знае дека просторот не може да се нарушува со такво присуство на наоружани и маскирани лица. Ваква специјална единица не е соодветна за ваква работа. Мислам дека се работи за покажување на сила. За тоа дека постоело поткуп и злоупотреба на службената положба, на факултетите има такви работи, но сега сметам дека е синхронизирана акцијата со политичките случувања во државата“, вели Новковски.

Професорката на Економскиот факултет, Билјана Секуловска Габер за НОВА вели дека таа бара од сите кандидати за иден ректор на УКИМ, јавно да излезат со осуда на вчерашниот чин.

„Вчера само ја покажаа бруталноста која го искористува секој момент, очигледно е дека тие вчера со полициската акција сакаа во јавноста да се минимизира повлекувањето на аболицијата на Иванов.  Идниот ректор, би требало да биде човек кој ќе знае да ја штити автономијата на универзитетот. Тие не смеат да влезат онака наоружани како што видовме, без дозвола, тоа истото го направија и кога се ставаа огради за градење на новите објекти за ФИНКИ, па кога еднаш нешто ќе се направи, потоа некој мисли дека може постојано да го прави истото“, вели Секуловска Габер.

Стојковски: Нема нарушување на автономијата на универзитетот

Од друга страна, ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски за НОВА вели дека со вчерашната полициска акција не е нарушена автономијата на универзитетот, затоа што полицијата влегла на кампусот во согласност член 14 од Законот за високо образование.

„За такви дела за кои веројатно имало присуство таму, за тоа дело не е потребна дозвола од никого. Не може да биде нарушена автономијата, ако е влезено во согласност со законот“, вели Стојковски.

Според овој член од законот, просторот на универзитетите и на самостојните високообразовни установи е неповредлив.

Полицијата и другите државни органи на безбедност не можат без согласност на ректорот да влегуваат на овој простор – „освен за спречување на извршување на кривично дело, на непосредно што претстои или започнато кривично дело, за задржување на неговиот сторител, како и во случај на природни и други непогоди (пожар, поплава и слично)“.

На денешната прес конференција во МВР, министерот за внатрешни работи, Митко Чавков изјави дека полицијата може да влезе на УКИМ согласно Законoт за високо образование, но сепак тие доставиле известување за акцијата и до ректоратот.

ОЈО: Осум осомничени за кривични дела од коруптивна природа на УКИМ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна оперативна обработка на податоци, соопшти дека прибрале докази за основано сомнение за сторени кривични дела со коруптивна природа каде оштетени се студенти од УКИМ.

Осомничени се осум лица од кои шест се универзитетски професори, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс. Лицата се сомничат за сторени повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага. Освен примање пари, според обвинителството, постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување на сексуални услуги заради полагање на испит.

Во текот на вчерашниот ден при преземените дејствија за прибирање на докази по издадената Наредба за претрес, од обвинителство велат дека еден од професорите е затечен инфлагранти во извршување на кривично дело – Примање на поткуп од 1000 евра, додека за останатите се обезбедени докази во изминатиот период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.