Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба во сојузната држава Јужна Каролина откако 300 луѓе загинаа во смртоносниот ураган „Метју“ кој во САД пристигна од Хаити.
Белата куќа веќе го означи ураганот како смртоносен и опасен, а вонредната состојба во Јужна Каролина доаѓа откако вчера беше наредена евакуација на 2 милиона луѓе во државата Џорџија.
Евакуацијата во крајбрежните подрачја на Флориа, Џорџија, Јужна и Северна Каролина е во ефект. Ако живеете во овие области, ве молиме слушајте ги директивите од вашата држава и локалните власти. Ако има инструкција за евакуација, не чекајте. Секогаш ќе можеме да изградиме и поправиме и ќе бидеме таму да Ви помогнеме. Но, во моментов најважната работа е вие и вашите семејства да останетее безбедни, се вели во соопштение на Белата куќа испратено во четврток (7 октомври).




