На опто разочарување на насобраните во зоолошката градина во Загреб гибонот Кент предвидува дека на Светското првенство во фудбал во Русија ќе победи Франција.
Во текстот, 24sata.hr пишува дека во живеалиштето на гибоните биле поставени две кукли полни со овошје и зеленчук, гибонот веднаш ја грабнал онаа со француското знаме.
А веднаш потоа камилата Томица од Ѓурѓевац, пак, ја избрала кофата со храна на која стои хрватското знаме.
-Не знаеме што е причината за ваквата прогноза на Кент – можеби жештината, можеби притисокот. Во секој случај подготвени сме да му ја простиме грешката, вели директорот на Зоолошката Дамир Скок.
Но, во прогнозирањето на победникот во финалето в недела се вклучија и животни во други делови од земјата. Меѓу нив се и лемурите од Зоолошката градина во Скопје кои ја избрале Хрватска како сигурен победник, исто така и арата во унгарската зоолошка градина.
Ваквиот тип на прогнозирање стана популарно последниве неколу години. Најпознат прогнозер беше октоподот Пол, а неодамна и сибирскиот тигар од Зоолошката во Краснојарск.






