Екстремно топлото време ќе се задржи и денес, како и во текот на неделата која што ни претстои. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Сепак денес попладне и навечер ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност.

Во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите можно е да се искачат и над 40 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Денес попладне и навечер како што рековме ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност.

Поголеми услови за нестабилност ќе има во среда и во четрток. Темпратурите ќе се искачуваат до околу 40 степени. УВ – индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициет 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе