Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проговори – за слобода на изразувањето во уметноста

0
By on May 10, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Невладината Цивил го објави почетокот на проектот „Проговори“ за јакнење на јавната свест и солидарноста за човекови права и слободи.

Независните уметници и интелектуалци во наредните месеци ќе се претстават со дела кои се поглед во состојбите и процесите во општеството.

Во продолжение го пренесуваме Манифестот со кој иницијаторите ги повикуваат македонските уметници и автори да се вклучат

Проговори! Манифест

Визуелни уметници, писатели, поети, музичари,
филмаџии, актери, изведувачи и уметници од сите видови,
креативни луѓе, признати и непризнати,
тие што создаваат уметнички дела и тие што се обидуваат,
тие што користат познати алатки и жанрови,
тие што користат неконвенционални алатки, материјали и медиуми,
тие што користат воздух, вода, земја и оган,
тие што ги користат ѕидовите и бетонот, како и тие што користат платно, хартија или камера,
дојде време!
Проговорете!
Уметници, креативни луѓе, новинар(к)и и активист(к)и од сите бои, жанрови, ориентации и стилови; мултимедијалци, сликари, филмаџии, диџеи, поети, тату уметници, актери, фотографи, изведувачи, музичари, пејачи, аматери, професионалци, графити уметници, танцувачи, слемери, дизајнери, писатели…
Вие сте носители на пораката на слободата. Проговорете!
Уметниците се тие што го креираат огледалото на овој свет, ултимативните сведоци на настаните. Уметниците се свеста на општеството и ја обликуваат душата на културите и цивилизациите.
Уметноста е спиритуалното, инстинктивното и интелектуалното огледало на светот. Времето е хаотичен и бесмислен след на настани до мигот кога уметноста го ре-креира во разбирлива приказна. Уметноста го наградува животот со смисла; ѝ дава содржина на неподносливата апсурдност на постоењето.
Постоењето е неподнослива празнина, уметноста е факт.
Иднината е визија и визијата е уметност.
Од мигот кога првиот човек остави трага од нејзината/неговата дланка на ѕидот на пештерата, првиот познат акт на творештво, до денеска – уметноста е креативниот начин на ре-обмислување на светот.
Денес, ние стоиме пред најголемиот предизвик на човештвото – да ги направиме човековите права и слободи реалност. И – ја ставаме нашата дланка на лицето на светот и бараме права сега и за секој од нас.
Изрази се себе си! Не се колебај, не се плаши.
Ти растеш и се развиваш, оставаш траги на слободата и храброста зад себе.
Ти никогаш не си сам-а. Твоите мисли и твоите дела, твоите креации се твои придружници. Не ти се потребни признанија од оние што вршат злосторства над убавината, оние што не разбираат ништо поинакво од моќта на парите и насилството. Спротистави им се со креативноста и човечките вредности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.