Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промена на сопствеништвото на Дајнерс Клуб Интернешенал МАК

0
By Нова ТВ on November 23, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 23, 2016 14:10

Во Белград е потпишан Договорот за купопродажба на сопственичкиот удел помеѓу компанијата SKB Capital S.A. од Луксембург и Erste Card Club d.o.o. (ECC), со седиште во Загреб. Со тоа ECC се стекнува со 100% сопственост над компаниите на Diners Club International Belgrade d.o.o. од Белград (DCI Belgrade) и Diners Club International Mak d.o.o.e.l. од Скопје (DCI Mak), а посредно и над компаниите Diners Club International Montenegro d.o.o. од Подгорица и DC Travel од Белград. Diners Club International, како давател на франшизата, ја поддржува трансакцијата и го одобрува преносот на лиценцата ECC, како и иден развој на брендот на Diners Club и деловното работење на овие пазари, соопштија од Дајнерс Клуб Интернешенал МАК.

– Согласно со договорот, ECC го презема ексклузивното право за издавање и прифаќање на  Diners Club картичката, односно одговорноста за понатамошен развој на брендот Diners Club и идниот развој на подрачјето на Србија, Македонија и Црна Гора. Се очекува најдоцна до првиот квартал од 2017 година да се завршат трансакциите и да се изврши финално пренесување на деловните удели, откако ќе бидат исполнети формално-правните услови од самиот договор, како и издавање одобренија од сите регулаторни тела.

Како најголем издавач во регионот, ECC на територијата на Србија, Црна Гора и Македонија ќе донесе нови платежни решенија од палетата на производи на Diners Club и со тоа ќе ја збогати понудата на пазарите на овие три земји. Предностите од спојувањето на франшизата на регионално ниво, како и големиот потенцијал за проширување на деловните можности и успеси, ќе ги почувствуваат сите учесници во бизнис-франшизата, како и нашите партнери.

Беспрекорниот сервис и услуга на кој се навикнати клиентите во Србија, Црна Гора и во Македонија повеќе од една деценија од работењето на Diners Club во овие земји, ќе остане приоритет и во иднина, а на клиентите ќе им биде достапен поголем избор кога станува збор за производи, услуги и бенефиции за плаќање со картичките Diners Club“, истакна г. Обрад Сикимиќ по повод потпишувањето на Договорот за купопродажба, кој следните пет години ќе ја врши должноста претседател на Надзорниот одбор во DCI Белград. На чело на Diners клубовите на територијата на Србија, Црна Гора и на Македонија, г. Обрад Сикимиќ е повеќе од 25 години, кој во тоа време активно работеше на позиционирањето на брендот Diners Club во овие земји, односно на развојот на понудата на платежните услуги.

Овој чекор е логично продолжение на нашата деловна стратегија, која има за цел да го зајакне регионалното присуство на подрачјето на Југоисточна Европа. Земајќи ги предвид резултатите од досегашното франшизно работење на овие пазари, веруваме дека со развиениот бизнис-модел ќе можеме да обезбедиме врвен квалитет на услуги на клиентите и долгорочно да остваруваме успешни деловни резултати“, додаде г-ѓа Марија Радониќ, заменик-претседател на раководството на ECC, која е задолжена за регионалното работење.

Erste Card Club d.o.o. е картична компанија со повеќе од 550.000 издадени кредитни картички во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Словенија. Таа е дел од една од најголемите банкарски групации во Средна и во Источна Европа, Ерсте Групацијата, и нејзиниот партнер во овој регион, Steiermärkische Sparkasse од Грац. Покрај франшизата за Diners Club во Хрватска, која е една од 10-те најголеми и најуспешни во светот, ECC е сопственик и на Diners Club франшизата во Босна и Херцеговина и во Словенија, а присутна е и на пазарите во Унгарија, Бугарија и во Романија во сегментот на прифаќање на картичката, се наведува во соопштението.

Досегашното работење на трите наведени пазари опфаќа нешто повеќе од 40.000 издадени картички Diners Club, со вкупен промет од 90 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.