Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на книга на еминентниот новинар Бранко Тричковски

0
By Нова ТВ on July 12, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 12, 2013 16:28

„Книгата на проминентниот новинар Бранко Тричковски ’Како бевме систематски уништувани од идиоти’ е прецизна хируршка вивисекција на секоја пора од нашиот живот, толку е болно отворањето очи што тој ни го прави на сите нас“.

Ова е пораката на промоторот Ѕвездан Георгиевски, кој вчера во Клубот на новинари во Скопје ја отслика четвртата збирка на колумни на Тричковски, што под заглавието „Офаманаман“ беа објавувани во неделниот магазин „Глобус“ во периодот од јуни 2011 до април 2013 година.

Според новинарот Георгиевски, станува збор за една од најдобрите книги на авторот, оти дава белег за едно спефицично време во кое живееме.

„Читањето на неговите колумни е школа за секој новинар и уживање во уметничка смисла. Станува збор за еден од најдобрите новинари, а ова дело го прави и еден од најзначајните колумнисти во земјава“, рече Георгиевски, нарекувајќи го Тричковски „новинар со идентитет, кој тешко проаѓа во нашата професија“.

Колумнистот Арсим Зеколи, споредувајќи со авторот со познатиот новелист и поет Чарлс Буковски, рече дека новата книга на Бранко Тричковски треба да се зачува за идните генерации. „Можеби ќе ја купите денеска, но само за да можете подоцна да сфатите што ни се има случено“, вели Зеколи.

Самиот автор, посетувајќи се на неодамнешен разговор со Зеколи, кој му укажал дека неговата книга е „многу политички некоректна“, рече дека ваквиот коментар го сфатил како врвен комплимент.

„Политичката некоректност во книгата не е инцидентна, импулсивна, туку има една систематичност која израснува во методолошка основа за тоа што го работам. Одредено ниво на политичка некоректност е услов да решиме дел од проблемите во земјава“, вели Тричковски и додава дека неговите книги содржат скица за сериозна радикална критика за македонското себепреиспитување.

Едно од најреномираните пера во земјава, Бранко Тричковски, е веќе 40-ина години во новинарските води. Роден е во 1952 година, а својата кариера ја почнува во 1975 година во весникот „Нова Македонија“. Тој е еден од основачите и прв главен и одговорен уредник на „Утрински весник“ во периодот од 1999 до 2003 година. Беше главен и одговорен уредник на магазинот „Глобус“, кој згасна пред две години, а сега излегува само интернет-изданието на неделникот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.