Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на „Шепотот на Данте“ од Силвија Митевска

0
By Нова ТВ on May 27, 2018 КУЛТУРА
Силвија Митевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 27, 2018 19:18

Писателката Силвија Митевска утре во Клуб ресторанот МКЦ, со почеток во 20 часот ќе ја промовира својата втора збирка раскази „Шепотот на Данте“.

Промоторки на збирката ќе бидат Елизабета Баковска и Калина Малеска.

Ова е втора збирка на авторката, која во 2015 година ја објави „Додека Данте спие“ и постигна голем успех кај читателската публика.

Збиката раскази е издадена во соработка со издавачката куќа „Или-или“, и е поддржана од Министерството за култура.

– ,,Шепотот на Данте“ содржи девет раскази, кои третираат теми од секојдневието на обичните луѓе. Најчесто главните ликови се жени што трагаат по вистинските вредности и прават смели избори. Како и во првата книга, така и тука, во некои од расказите преовладуваат фантастични, надреални елементи, кои ги прават интересни за читање. Инспирација црпам од секојдневието што нѐ опкружува и од сите навидум мали нешта, кои лесно и невино можат да го сменат теркот на животот, притоа поигрувајќи си со нашата судбина – вели авторката Силвија Митевска.

Професорот и писател Драги Михајловски, кој е рецензент на оваа книга, во своето видување на делото, меѓу другото, ќе напише:

– Расказите на Силвија Митевска на чудесен начин го продолжуваат тематското ткаење почнато уште со првата нејзина збирка раскази „Додека Данте спие“, што имаше убав успех кај читателската публика. Нема сомнеж дека преку постапката на очудување, Митевска го слика нашето секојдневие, но секогаш видено од нејзин специфичен агол, претворено во убава, сугестибилна проза. Во сите девет раскази, авторката излегува од рамките на секојдневното и моќно го надоградува, изненадувајќи нѐ со ефектен крај смислен од оваа наша уникатна раскажувачка – наведува Михајловски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.