Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовиран видео спотот за песната „Деца на Сонцето“

0
By Нова ТВ on November 6, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 6, 2013 08:57


Видео-записот и песната „Деца на Сонцето“ од Влатко Стефановски вчеар беа промовирани во МКЦ клубот и ресторан, која воедно е и насловната песна од истоимениот игран филм на Антонио Митрикески, кој се снимаше летово на локации покрај крајбрежјето на Преспа.

Покрај оваа песна, како водечка, Стефановски ги потпишува и другите песни за саундтракот на филмот.

„Досега имам направено музика за 30тина филмови и секогаш се радувам кога добивам такви покани, но за македонски филм немам работено многу одамна, уште од времето кога ја правев музиката за „Џипси меџик“ на Столе Попов. А тоа беше далечната 1997 година. Така што оваа понуда на режисерот Митрикески ми дојде како мелем на душа. Покрај сонгот, филмот ќе има и амбиентална музика, со оглед на прекрасниот амбиент на Преспанското езеро, каде што филмот е сниман, а кое за мене беше право откровение. Ќе има и наменска музика за некои сцени“, вели Стефановски.

Композивијата е рефлексија на размислувањата на Влатко за филмот и воопшто светот околу нас.

„Со оглед на моите години сум видел доста тоа, многу сум патувал, сум среќавал и обични и необични луѓе, сум бил сведок и на историски настани, промени, турбуленции, a моите мисли се обидуваат да го разберат светот и векот, да фатат смисла, за тоа каде и како се движиме напред или назад. Размислувам за вкусот на патлиџаните, пиперките и лубениците од пред десет-петнаесет години и овие сега. Размислувам за опстанокот, за желбите, за љубовта, за чувствата, заблудите, страдањата, за времето кое лета, размислувам за локалното и глобалното, за личното и општественото, за минливоста на животот и за траењето на уметноста… Со еден збор за се за кое жив човек размислува…“

Филмот е во процес на монтажа, а се очекува да биде целосно готов кон почетокот на март следната година. Југословенскиот мајстор на монтажата, Андрија Зафрановиќ работи во моментов во Скопје на филмот и го монтира.

„Ова е филм правен со многу љубов и позитивна енергија, која екипата безрезервно ја даваше. И мислам дека тоа се чувствува во секоја сцена од филмот“, потенцираше режисерот Митрикески

Улогите во филмот ги толкуваат: Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Билјана Таневски, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Сашко Коцев, Камка Тоциновски, Емир Хаџихафизбеговиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.