Во водите на Охридското езеро, кај комплексот „Св.Наум“ на 11.04.2022 околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека забележано е безживотно машко тело. Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство. Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција. СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.