По неколку часовни напори на спасителите од Хрватска, како и нивните колеги од Босна и Херцеговина, е пронајдено телото на алпинистот кој исчезна вчера на планината Камешница.

Исчезнатиот алпинист на тешкиот и непристапен терен, го бараа 170 луѓе.

Педесет и двегодишниот алпинист лавина од снег го зафати на планината Камешница.

Камешница е продолжение на динарскиот планински ланец, на границата меѓу Хрватска и БиХ, во Загора над Сиње. Највисок врв на босанска страна е Коњ(1856м), додека на хрватска е Главаш(1308м).