Колумбијците на референдум го отфрлија договорот за за завршување на полувековниот судир на Владата и бунтовничката група Револуционерни вооружени сили (ФАРК).
Резултите од обработени 99 проценти од гласовите покажуваат дека 50,24 проценти се изјасниле против договорот, додека 49,75 процети ЗА.
Анкетите воочи референдумот предвидуваа лесна победа за опцијата за ратификација на спогодбата.
Колумбиската Влада и бунтовниците минатата недела потпишаа историски мировен договор, со кој и официјално го завршија полувековниот судир во кој досега се убиени стотици илјади луѓе.
Договорот на церемонија во Картахена, град на карипскиот брег на Колумбија, го потпишаа претседателот Хуан Мануел Сантос и лидерот на ФАРК Тимолеон Хименес, познат како Тимошенко.
Договорот го потпишаа со пенкало направено од куршум. На чинот присуствуваа 2.500 странски функционери.
Договорот е на 297 страници, и во него се наведува дека тој мора да биде ратифукуван на референдум на 2 октомври.
По ова, бунтовниците треба да го предадат оружјето на посматрачите под закрила на ОН во наредните шест месеци додека да формираат политичка партија.
Според договорот ФАРК ќе имаат загарантирани 10 места во Парламентот.
Во досегашните судири во земјата загинаа на д 220.000 луѓе, додека милиони беа приморани да ги напуштат домовите.
Договорот следи по четиригодипни преговори кои во повече наврати беа на граница на прекин.




