Published: Monday, March 14, 2022 14:27
Најмалку 20 лица загинаа, а девет се повредени од фрагменти на украинска ракета во Доњецк, град на истокот на Украина, објавија проруските сепаратисти во тоа подрачје.
„Ракета од типот „Точка-У“ била пресретната над упориште што го држат бунтовниците , но нејзини делови паднаа во центарот на градот“, објави руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи го локалниот сепаратистички лидер, Денис Пушилин.
Тој додаде дека меѓу настраданите има и деца.
Аматерски видео материјал што е снимен во Доњецк прикажува тешка штета што е нанесена на трговските објекти и возила. Снимките е неможно независно да се проверат, додека украинската влада засега не го коментираше случајот.




