Пензионерите во Атина и Солун денеска се на протест барајќи пензиите повеќе да не се намалуваат, како и бесплатно државно здравство и неоданочување на минималните приходи. Демонстрантите во Атина организираа марш до зградата на Министерството за труд.
Пензионерите имаат поддршка и од синдикатите, кои за 4 февруари свикаа генерален штрајк против пензиските реформи кои Владата ги предложи по барање на меѓународните кредитори.
Грција е под притисок на меѓународните кредитори да ги намали трошоците за пензии, кои се најголеми во ЕУ. Земјата одвојува 17,5 проценти од бруто домашниот производ за пензии, додека во Европа просекот е 11,5 проценти од БДП.
Владата во Атина планира намалување на максималните пензии од сегашните 2.700 евра на 2.300 евра и воведување на нова минимална загарантирана основна пензија од 384 евра.
Според договорот со меѓународните кредитори, Грција годинава треба да ги намали пензиските трошоци за 1,8 милијарди евра.




