Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марш на коалиција „Менуваме“: Да бидеме прифатени какви што сме, различни, но еднакви

0
By Sashko on July 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 20, 2021 20:13

Од Владата до Собранието попладнево се одржа протестен марш на коалицијата „Менуваме“ на кој учесниците изразија револт за неправдите со кои се соочуваат лицата со попреченост. Време е, истакнаа тие, да бидеме прифатени онакви какви сме, различни, но еднакви.

– Дел од од нашите барања се Владата на Република Северна Македонија да го покачи додатокот за попреченост што ни следува од 7.100 денари на 12.000 денари и во следните две години истиот да ја достигне минималната плата во државата. Бараме израмнување на родителските, односно згрижувачките права, за родителите на деца со посебни потреби. Бараме права за асистентите на лицата со попреченост, рече претседателот на коалицијата „Менуваме“, Суаред Алиша.

Тој наведе дека бараат да се отстрани старосната граница за ортопетските помагала. Побара на товар на Фондот да бидат ставени белите стапови кои го користат слепите лица, како и мерачите на притисок и на шеќер.

– Сакам да ја демантирам министерката Шахпаска, бидејќи ние никаде во нашите барања не зборуваме за инклузивност, не зборуваме за никаква програма, туку нашите цели се јасни, се базираат врз база на системски законски и подзаконски акти кои што треба државата да ги надополни, рече Алиша.

Тој потенцираше дека излегле на протест да ги побараат нивните права, кои како лица со попреченост треба да ги уживаат. Посочи дека нивните барања утре ќе бидат доставени во Владата, а од таму ќе заминат во „Жена парк“ да кампуваат. Исто така, додаде, дека ќе блокираат и сообраќајни коловози и автопатишта.

– Ние ја запознавме меѓународната јавност, односно сите амбасади во нашата држава, затоа што сакаме навистина да дадеме силен придонес за сегашните и идните генерации. Во земјава има 120.000 лица со попреченост, кои имаат некаков хендикеп, нагласи Алиша.

Имено, по најавата за денешниот протест, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека инклузијата на лицата со попреченост е нивен врвен приоритет.

– Само во изминатите десет месеци, Министерството за труд и социјална политика, преку законски измени, ја намали возрасната граница за стекнување на правото на личен асистент од 18 на 6 годишна возраст. Тоа значи дека секое дете со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете ќе може да добие личен асистент, со што го поттикнуваме личниот и образованиот развој на децата и им помагаме на родителите во секојдневната грижа за нив, наведоа од МТСП.

Од Министерството додадоа дека мината недела беше промовирана апликацијата за слепи лица – аудио читач која беше подготвена во тесна соработка со Националниот сојуз на слепи лица. Министерството за труд и социјална политика, како што истакнаа, работи и на имплементација на Меѓународната класификација на функционалност која ќе овозможи сеопфатен преглед на можностите и способностите на секое дете со попреченост, како и на потребната социјална, образовна или друг вид на поддршка за унапредување на целокупниот развој на личноста.

– Врвен приоритет за вклучување на лицата со попреченост во општествените текови на животот за МТСП е инклузивноста уште од предучилишното образование, поради што само во текот на 2021 година, отворени се вкупно 13 градинки кои ги задоволуваат сите стандарди за физичка пристапност и престој на деца со попреченост. Во 24 општини во земјава во завршна фаза се подготовките за воспоставување на услугите помош и нега во домот, центри за дневен престој и услуга за рехабилитација и реинтеграција, наменети за 900 корисници. Наскоро ќе биде отворен и Центарот за одмена на семејната грижа во Демир Капија со капацитет од 250 корисници годишно,  во кој семејствата кои се грижат за членови со попреченост добиваат можност за одмор  во времетраење од 15 денови годишно, нагласија од МТСП.

Од Министерството посочија дека продолжува и процесот на деинституционализација.

– Во текот на април беа формирани два дома за живеење со поддршка за девет поранешни корисници на Специјалниот завод Демир Капија, а во завршна фаза се подготовките за нови четири дома за живеење со поддршка за лица со интелектуална попреченост кои во моментов се сместени во институциите. Во март оваа година го отворивме Дневниот центар за деца со попреченост од 14-26 години во Топанско поле, а уште два Дневни центри во Делчево и Липково се во фаза на подготовка, наведоа од МТСП.

Коалиција „Менуваме“ лица со попреченост Македонија протестен марш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.