Пред зградата на Собранието на Црна Гора, демонстрантите на опозицискиот Демократски фронт монтираа шатори протестирајќи за формирање преодна влада и организирање на фер избори. Организаторите на протестот напоменаа дека ќе останат додека не се остварат нивните барања.
И лидерите на Демократскиот фронт се појавија пред Парламентот. Коча Павловиќ од партијата рече дека тие нема да дозволат повеќе да се крадат изворите во Црна Гора.
Според него ова е почеток на крајот на “последната диктатура во Европа“.
Од друга страна, пратеникот на ДФ, Јанко Вучиниќ, порача дека премиерот на земјата мора да си оди.
– Улицата ги донесе, и таа мора да ги избрка, апелираше Вучиниќ.
Пред шаторите се појави и лидерот на ДФ, Андрија Мандиќ, како и неговите соработници Предраг Булатовиќ, Небојша Медојевиќ, Бранко Радуловиќ и Милан Книжевиќ.
На протестите е присутно силно полициско обезбедување.




