Еден од муслиманските имами Мухамед Хусеин ги предводи стотината верници кои протестираат на улиците во близина на влезот во Храмова гора во стариот дел на Ерусалим, од кои побара да не влегуваат се додека Израел не ги тргне детекторите за метал.
Храмвоа гора е верска локација, која за подеднакво света ја сметаат и Евреите и муслиманите.
Според Хусеин ова ќе биде долго тестирање на волјата, бидејќи израелската полиција соопши дека тие нема да бидат отстранети, додека пак полицијата може исто така да врши контрола.
Израелската полиција уапси најмалку 10 истакнати палестински активисти во Ерусалим, вклучувајќи го и Хатем Абдел Каде, лидер на движењето Фатах на Махмуд Абас.
Апсењата се по масовниот протест на Палестинците поради одлуката на Израел да воведе детектори за метал во Храмовата гора во Ерусалим. Исто така полицијата забрани мажи помлади од 50 години да влезат во Стариот град пред денешната редовна петочна молитва.
Во соопштенито се наведува дека ќените можат да влезат без разлика на годините.
Муслиманските лидери ги повикаа верниците денеска да се молат на улиците за да не поминуиваат низ детекторите.
Палестинците синоќа се судрија со израелските безбендосни сили во близина на спорното еврејско светилиште, кога верниците се собрале на молитва.
Детекторите се поставени по минатонеделниот напад кога тројца разбојници убија двајца полицајци пред да бидат застрелани на влезот во светилиштето.
Израел ја оправдува оваа мерка како неопходна и како редовна на светилиштата ширум светот.




